Општи информации
Веб сајтот „Пијачка до дома“ кој служи за онјлајн продажба на безалкохолни и алкохолни пијалоци е во сопственост на ВАБО-ПРОМ ДООЕЛ. Посветуваме големо внимание на почитување на приватноста и заштитата на личните податоци, па поради тоа целосно ја заслужуваме Вашата доверба.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност. Ве информираме дека можете да го посетите нашиот веб-сајт и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да направите нарачка на сајтот, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Личните податоци на корисниците на нашиот веб-сајт се обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Податоците кои се собираат не се споделуваат со никого. Податоците ќе бидат зачувани во безбедниот систем на веб сајтот по процесирање на нарачката или ќе се избришат доколку корисникот на услугата има поднесено барање за бришење на лични податоци и откажување од онлајн продавницата.
Собирање податоци
За да ви обезбедиме квалитетна услуга и успешна реализација на вашите интернет-нарачки, Пијачка до дома собира одредени лични податоци. Овие податоци ни овозможуваат да ве контактираме, да ја извршиме доставата на вашите производи и да ја реализираме наплатата за извршеното купување.
Сите лични податоци што ги собираме се чуваат и обработуваат во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Податоците се користат исклучиво за потребите на интернет-нарачката и не се споделуваат со трети лица.
Податоци што ги собираме:
– Име и презиме
– Адреса за достава
– Електронска адреса
– Телефонски број
Овие податоци се користат единствено за овозможување на интернет купувањето и за непречена достава. Сите информации се чуваат во безбедносни зони на веб-страницата на Пијачка до Дома, со цел заштита на вашата приватност и безбедност.
Вашите лични податоци се прибираат само со ваша согласност, преку регистрација или пополнување на нарачка на нашиот интернет-портал www.pijackadodoma.mk.
Финансиски податоци
Ве информираме дека Пијачка до Дома не собира и не обработува податоци од финансиска природа, како што се број на платежна картичка или број на банкарска сметка. Овие податоци се обработуваат исклучиво од страна на Casys C-Pay со Стопанска Банка АД Скопје.
При плаќање со платежна картичка, трансакцијата се реализира преку сигурносен портал на Casys C-Pay, а бројот на вашата картичка се испраќа преку безбедносна конекција директно до нив. По завршување на трансакцијата, овие податоци не се задржуваат. Пијачка до Дома нема пристап до вашите податоци за картичка во ниту еден момент.
Колачиња (Cookies)
Ако оставите коментар на нашата страница, можете да изберете да ги зачувате вашето име, е-пошта и веб-страница во колачиња. Ова е за ваша удобност, за да не мора повторно да ги пополнувате податоците при оставање нов коментар. Овие колачиња траат една година.
Доколку ја посетите страницата за најава, ќе биде поставено привремено колаче за да се утврди дали вашиот прелистувач прифаќа колачиња. Ова колаче не содржи лични податоци и се брише веднаш по затворањето на прелистувачот.
Вгнездена содржина од други веб-страници
Статиите на оваа страница можат да вклучуваат вгнездена содржина (видеа, слики, статии и сл.). Вгнездената содржина од други веб-страници се однесува на ист начин како посетителот директно да ја посетил таа веб-страница.
Овие веб-страници може да собираат податоци за вас, да користат колачиња, да вгнездуваат дополнителни алатки за следење и да го следат вашето однесување со таа содржина, вклучувајќи го и следењето доколку имате сметка и сте најавени на таа веб-страница.
Колку долго ги задржуваме вашите податоци
Ако оставите коментар, коментарот и неговите мета-податоци се задржуваат неограничено долго. На овој начин можеме автоматски да ги препознаеме и одобриме сите следни коментари, наместо да ги држиме во ред за модерација.
За корисниците кои се регистрираат на веб-страницата на Пијачка до Дома (доколку е достапно), ги чуваме личните информации што тие ги внесуваат во својот кориснички профил. Секој корисник може да ги види, уреди или избрише своите лични информации во секое време. Администраторите на веб-страницата исто така можат да ги видат и уредуваат тие информации.
Ваши права над вашите податоци
Ако имате сметка на оваа страница или имате оставено коментари, можете да побарате извезена датотека со сите лични податоци што ги поседува Пијачка до Дома за вас, вклучувајќи ги и податоците што сте ни ги доставиле. Исто така, можете да побарате бришење на сите лични податоци што ги чуваме за вас. Ова не вклучува податоци што сме должни да ги чуваме за административни, правни или безбедносни цели.
Каде се испраќаат вашите податоци
Коментарите на посетителите може да бидат проверувани преку автоматска услуга за откривање спам.
