Нашата цел е секогаш да добиете производи во совршена состојба и во согласност со вашата нарачка.
Доколку сепак настане проблем, ја нудиме следнава политика за рекламации и враќање:
Рекламации
Откако ќе ви биде доставена пратката, ве молиме проверете го производот и дали на него има видливи оштетувања
(искинати делови или нагмечување) или производот не е во согласност со вашата нарачка.
Доколку добиете оштетена пратка или погрешен производ, ве молиме контактирајте нè во рок од 48 часа од приемот на нарачката.
Контакт:
- Телефон: 078/88-21-21
- Е-маил: contact@pijackadoma.mk
Нашите оператори ќе ве известат за понатамошната постапка, во најкраток можен рок.
Во овие случаи, трошоците за враќање и повторна испорака ги покриваме ние.
Услови за враќање
Производите мора да бидат вратени во оригинална состојба и во пакување какво што сте го примиле.
Не е дозволено:
- Враќање на дел од пакет (пример: половина пакет пива).
- Враќање на отворени алкохолни пијалоци.
Во случај на враќање на роба или поврат на средства на купувач кој претходно платил со некоја од платежните картички,
дел или во целост, а без оглед на причината за враќање, ВАБО-ПРОМ има обврска враќањето на средства да го изврши исклучиво преку Стопанска банка, што значи дека банката на барање на продавачот ќе изврши поврат на средствата на сметката на корисникот на картичката.
Ви треба помош?
Контактирајте нѐ на contact@pijackadoma.mk доколку имате повеќе прашања
во врска со условите за процесирање и враќање на нарачки.
